• петок, 05 декември 2025

Висока излезеност во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

Висока излезеност во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

Крива Паланка, 19 октомври 2025 (МИА) - Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се затворени точно во 19 часот, а граѓаните што се затекнале на избирачките места во тој момент го оствариле своето избирачко право, информираат од општинските изборни комисии, од каде посочија дека гласањето и изборниот процес во сите три општини протекле во фер и демократска атмосфера, со непречено одвивање на целокупниот избирачки процес.

Излезеноста во Крива Паланка до 18 :30 часот изнесува високи 63.53 отсто, а избирачкото право го оствариле 10 494 граѓани од вкупно 16 534 гласачи регистрирани во Единствениот избирачки список.

Во Општина Ранковце излезеноста е највисока во трите општини на крајниот североисток и изнесува 66.29 до 18:30 часот, а во Кратово излезеноста е 55.65 отсто, каде на 33 избирачки места до 18:30  часот гласале 4.135 граѓани. ид/дма/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан