Виртц го повреди скочниот зглоб, неизвесно кога ќе се врати на тренинзите
- Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц го повреди скочниот зглоб настапувајќи на натпревар за германската репрезентација.

Леверкузен, 16 октомври 2024 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц го повреди скочниот зглоб настапувајќи на натпревар за германската репрезентација.
Дваесет и едногодишниот играч се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Холандија (1:0) одигран во понеделникот.
Според прес-службата на тимот од Леверкузен, времето на враќање на играчот на тренинзите не е дефинирано.
Сезонава Вирц одигра шест натпревари во Бундеслигата и постигна четири гола и една асистенција.
Тој исто така постигна два гола на два натпревара во Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА