Виртуелна средба на Маричиќ со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Лопез Агуилар
- Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска во Брисел остварил вирутелна средба со со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Јуан Фернандо Лопез Агуилар на која било разговарано за евр

Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска во Брисел остварил вирутелна средба со со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Јуан Фернандо Лопез Агуилар на која било разговарано за европските перспективи на земјата и реформите во правосудството.
-Утрово во Брисел имав виртуелна средба со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Јуан Фернандо Лопез Агуилар. Разговаравме за европските перспективи на земјата и реформите во правосудството кои ги презема Министерството за правда, објави на својот Фејсбук профил министерот Маричиќ.
Маричиќ, како што информира на европратеникот Јуан Фернандо Лопез Агуилар, му го праставил и планот за дигитализација на судството со кој се предвидува опремување на над 100 судници со технологија потребна за онлајн судење. аа/дма/