• недела, 22 декември 2024

Винисиус дозна дека има камерунски корени

Винисиус дозна дека има камерунски корени

Мадрид, 21 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, дозна за своето потекло откако направил ДНК тест.

Пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (1:1), на напаѓачот на Бразил му беше врачен докумнет на кој пишува дека има камерунски корени.

Врз основа на информациите во текстот, Винисиус потекнува од племето Тикар, кое живее на северозапад од Камерун.

Претходно се дозна дека платформата Нетфликс ќе сними филм за напаѓачот на Реал Мадрид, кој ќе го прикажува животот и кариерата на 24-годишниот Бразилец. Филмот ќе биде објавен во 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан