• понеделник, 23 декември 2024

Викендов во Крива Паланка „Генералка викенд"

Викендов во Крива Паланка „Генералка викенд

Крива Паланка, 5 мај 2021 ( МИА) - Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и организацијата „Мен енд маунтен“ во недела, 9 мај ќе организираат голема еколошка акција насловена „Генералка викенд“.

Иницијатор на акцијата на глобално ниво е организацијата „Мен енд маунтен“ (Man and Mountain) од Австрија, а општина Крива Паланка е една од десетте општини во РС Македонија во која ќе се спроведе истата.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги повика граѓаните и институциите да се вклучат во акцијата во што е можно поголем број и во координација со стручните служби од општината  да го дадат својот придонес за чист град и здрава еколошка средина.

– Преку оваа акција за чистење на градот сакаме да ја  подигнеме свеста за одговорниот престој во природа и зачувувањето на природните ресурси, а за секои 10 килограми отпад што ќе биде собран на одредените локациии или во непосредната околина на граѓаните, ќе биде доделена по една садница, која учесниците може да ја засадат на локација по сопствен избор или може да одредиме заедничка локација, со цел да ги зголемиме зелените површини, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Целта на акцијата е подигнување на свеста за одговорност кон природата.Партнери во акцијата се и Делегацијата на Европската Унија во РСМ со нивната кампања „Чисто како дома исто“ и останати поддржувачи како Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, компанијата за управување со отпад од пакување „Пакомак“, компаниите „Винчини“ и „Кожувчанка“, локални институции, Јавно претпријатие „Комуналец", училишта, невладини организации и поединци, посочуваат од општината.

Акцијата за чистење на градот ќе се спроведе по однапред утврдени план и програма,а координатор е  раководителот на Одделението за инспекциски надзор, Бранко Велиновски.

Главните локации на кои ќе се собира отпад се туристичкиот локалитет „Калин Камен“, околина на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, испосницата во село Градец, пешачката патека „Стара вада“, ролерско-велосипедската патека, речното корито на Крива Река, како и неколку локални пунктови.Општината го организира и обезбедува јавениот превоз за учениците во акцијата, како и останатите потребни материјали за селектирање на отпадот,  промотивен материјал, маици и кетеринг за учесниците. Акцијата ќе се спроведе во согласност со протоколот за Ковид-19 и мерките за спречување на групирања, со поставени 4 пунктови  волонтери: кај Осичка маала, кај мотелот „Македонија“, во населбата „Бегови Бавчи“ (кај бензинската пумпа) и во населбата „Грамаѓе“, од каде ќе се врши и организираниот превоз.иб/ир

Остани поврзан