• понеделник, 20 мај 2024

Виетнамскaта милијардеркa инвеститорка Труонг Ми Лан е осудена на смрт

Виетнамскaта милијардеркa инвеститорка Труонг Ми Лан е осудена на смрт

Хо Ши Мин, 11 април 2024 (МИА) - Виетнамската милијардерка инвеститорка Труонг Ми Лан денеска е осудена на смрт пред судот во градот Хо Ши Мин во јужен Виетнам поради банкарска измама вредна повеќе милијарди долари во најспектакуларното судење во историјата на Виетнам, објави државниот медиум „Тан Ниен“.

Труонг Мај Лан (67), која има кинеско потекло, е осудена за грабеж на една од најголемите виетнамски банки, Комерцијалната банка Сајгон, во износ од 44 милијарди долари во период од 11 години, а таа ги негира обвиненијата, објави Би-Би-Си. 

Обвинителите велат дека 27 милијарди долари можеби никогаш нема да бидат вратени. Обвинителите повикаа 2.700 лица да дадат исказ за време на судењето, во кое учествуваа 10 државни обвинители и околу 200 адвокати. Доказниот материјал бил во 104 кутии со вкупна тежина од шест тони.

Покрај Труонг Ми Лан, на уште 85 лица им се суди, а 13 други се соочуваат со можна смртна казна. Таа, исто така, беше осудена за поткуп за да се осигура дека нејзините кредити никогаш нема да бидат проверени, а една од обвинетите е поранешна главна инспекторка во Централната банка, кој се соочува со можна доживотна затворска казна за примање поткуп од пет милиони долари.

Ми Лан, која беше претседателка на компанијата за недвижнини ВТП, беше уапсена во октомври 2022 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан