• петок, 22 ноември 2024

„Видеолотарија Касинос Австрија“ нов спонзор на КК Работнички

„Видеолотарија Касинос Австрија“ нов спонзор на КК Работнички
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб „Работнички“, го има вториот спонзор. Станува збор за компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“, кој ќе го спонзорира клубот во времеетраење од една година. - Како општествено-одговорна компанија, со задоволство ја споделуваме информацијата дека во иднина ќе бидеме дел од спонзорскиот тим на Работнички. Како одговорна и модерна компанија веруваме дека најдобриот начин да придонесеме за нашата заедница, е да вложуваме во неа. Во таа насока, остануваме посветени на реализирањето на нашите цели, амбициозна поддршка на спорт, со што заеднички придонесуваме за градење на спортски вредности. Со оваа соработка, преку овој спонзорски договор, нашата компанија силно верува дека во многу скоро време, сите заедно ќе се радуваме на успесите на кошаркарите на Работнички, нагласуваат од Видеолотарија. Општина Центар верува дека новото спонзорство ќе ја засили финансиската моќ на клубот и ќе го врати на старата шампионска слава. - Подобрување на состојбата во клубот беше и дел од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Овој договор за општината, но и за центарци, значи напорна работа сѐ до исполнување на целта, повторно подигнување на шампионскиот пехар во првата кошаркарска лига. Претходно, КК „Работнички“ потпиша четиригодишен договор за спонзорство и со српскиот оператор „Мтел“. зс/

Остани поврзан