Вивер призна дека има шест прсти на десната рака
- Американскиот рагбист на Кентаки Вајлдкетс, Џеј Џеј Вивер призна дека има шест прсти на десната рака.

Вашингтон, 20 октомври 2021 (МИА) - Американскиот рагбист на Кентаки Вајлдкетс, Џеј Џеј Вивер призна дека има шест прсти на десната рака.
- Секогаш го криев шестиот прст и не кажав никому за тоа. Како дете, бев задеван, исмејуван поради мојата особеност. Децата ме нарекоа вонземјанин. Не сум единствениот човек со оваа болест. Разговарав со децата за ова и им објаснив дека нема ништо лошо во тоа, изјави Вивер за „ЕСПН“.