• петок, 05 декември 2025

Вест Хем му врачи отказ на Потер

Вест Хем му врачи отказ на Потер

 

Лондон, 27 септември 2025 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем го отпушти тренерот Греам Потер, објави попладнево лондонскиот клуб.

Потер ја напушта клупата на Вест Хем по поразот од 2-1 од Кристал Палас минатиот викенд, што беше четврти пораз на клубот во петтиот натпревар од новата премиерлигашка сезона.

„Резултатите и настапите во втората половина од минатата сезона и почетокот на оваа не ги исполнија нашите очекувања. Управниот одбор верува дека е потребна промена за да се подобри позицијата на клубот во Премиер лигата“, се вели во соопштението на Вест Хем.

Лондонски „Телеграф“ објави дека на местото на Потер многу веројатно ќе седне португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто.

Вест Хем е последнопласиран на табелата со три бодови, пред дуелот на гостински терен против Евертон, в понеделник. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан