• сабота, 21 декември 2024

Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл

Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл

Мемфис, 20 ноември 2024 (МИА) - Кошаркарот на Денвер нагетс, Расел Вестбрук постигна 12 поени, 10 скока и 14 асистенции ноќеска на натпреварот со Мемфис на гостински терен. Овој трипл-дабл беше 200-ти за 36-годишниот Американец во НБА. Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој има вакво достигнување.

Во тековната сезона Вестбрук одигра 13 натпревари во НБА, со просек од 10,8 поени, 4,4 скока и 6 асистенции.

Инаку, Денвер го победи Мемфис со 122:110.

Со осум победи и пет порази, Денвер нагетс се наоѓа на 5. место во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан