• вторник, 16 јули 2024

Вестбрук: Не сум во криза, ќе се справам со ситуацијата

Вестбрук: Не сум во криза, ќе се справам со ситуацијата
Лос Анџелес, 13 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, се произнесе за нискиот процент на реализација на последните натпревари. Во поразот од Сакраменто (116:125), Вестбрук има погодени 2 од 14 шутови од поле, додека на последните три средби има само 8 од 40 прецизни удари кон противничкиот кош. Расел не се согласи со новинарот, кој оцени дека играчот е во криза. - Мислам дека тоа не може да се нарече криза. Ќе се справам со ситуацијата, тоа е сè. Вестбрук поддршка доби и од првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс. - Се надевам дека ќе продолжи напорно да работи и дека ќе се врати во препознатливата за него форма. Лејкерс по 42 натпревара имаат по 21 победа и пораз и се наоѓаат на 8. место во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Остани поврзан