Верстапен ја освои пол-позицијата во Мајами
- Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ја освои својата трета пол-позиција оваа сезона, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Мајами
Мајами, 4 мај 2025 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ја освои својата трета пол-позиција оваа сезона, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Мајами.
Ова е 43-та пол позиција во кариерата на возачот на Ред Бул, а втора на патеката во Флорида.
Друштво на Холанѓанецот во првиот ред од стартната линија на неделната трка ќе му прават Ландо Норис од Мекларен, додека третото место му припадна на младиот Италијанец Андреа Кими Антонели од Мерцедес. дс
Фото: Архива