• петок, 20 декември 2024

Вера Ванг го прослави 75. роденден со нови модни креации

Вера Ванг го прослави 75. роденден со нови модни креации

Лос Анџелес, 3 јyли 2024 (МИА) - Вера Ванг неодамна го прослави својот 75. роденден, co фотографии на „Инстаграм“, на коишто уште еднаш се пофали со својот младешки изглед, како и со нови модни креации.

Иако роденденот го прослави на 27 јуни, прославата се одржа викендов. Американската модна дизајнерка со кинеско потекло е препознатлива по тоа што им пркоси на годините, па за новата пригода, таа облече два елегантни вечерни фустани - по нејзина модна замисла. За нејзината младоликост вели дека клучни се спиењето и опуштениот дел од денот.

- Сум одела на уметничко лизгање и балет. Тоа некако останува со вас. Мора да бидам искрена - спиењето е клучно. Мислам дека јас не би била јас ако не можам да спијам. Тука е и „вотката“... Коктел од „вотка“ на крајот од денот ми помага да прејдам од многу интензивен работен распоред во нешто поинтимна атмосфера, рече таа во една прилика.

Кон крајот на минатата година таа позираше со ќерките Сесилија и Џозефин, а многумина ѝ поласкаа велејќи дека таа изгледа како да ѝ се сестри.  си/

Фото: „Инстаграм“

Остани поврзан