• петок, 05 декември 2025

Венус Вилијамс се повлече од ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс

Венус Вилијамс се повлече од ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс

Индијан Велс, 24 февруари 2025 (МИА) - Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс одби вајлд-карта за учество на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, САД.

- Не е точно дека ќе учествувам, изјави Венус за информацијата за нејзиното учество на турнирот во Индијан Велс.

Американката три пати стигна до полуфиналето на турнирот во Индијан Велс: во 1998, 2001 и 2018 година. Минатата година таа влезе на турнирот како вајлд-карта. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан