• сабота, 27 јули 2024

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот
Монтереј, 3 март 2020 (МИА) - Американската ветеранка Винус Вилијамс загуби на стартот на турнирот во Монтереј. Триесет и девет-годишната тенисерка загуби од бр.199 на светската ВТА листа, Словачка, Ана Шмидлова, со 6-4, 3-6, 2-6. Натпреварот во првиот круг траеше 2 часа и 29 минути. Венус направи 12 двојни грешки и реализира 8 брејка, исто колку и Шмидлова. Словачката тенисерка во следното коло ќе игра со Мари Бозукова (Чешка), која ја совлада Словенката Кристина Кучова со 6-4, 6-2. Напред продолжува и Американката Слоан Стивенс, кој ја елиминира нејзината сонародничка Ема Наваро со 6-4, 5-7, 6-1.

Остани поврзан