Велч прва жена судија во Премиер лигата
- Ребека Велч ќе стане првиот женски арбитер на натпреварите од елитното англиско фудбалско првенство, откако е назначена за главна судијка на дуелот закажан за 23 овој месец меѓу Фулам и Барнли.

Лондон, 15 декември 2023 (МИА) – Ребека Велч ќе стане првиот женски арбитер на натпреварите од елитното англиско фудбалско првенство, откако е назначена за главна судијка на дуелот закажан за 23 овој месец меѓу Фулам и Барнли.
Пред еден месец Велч стана првата жена на која и беше доделена улогата на четврти судија во Премиер лигата на натпреварот меѓу Фулам и Манчестер јунајтед.
Велч, која професионално е дел од британскиот Национален здравствен систем, суди на фудбалските натпревари од пред 13 години.
Изминатите години како главна судијка ја делеше правдата на неколку натпревари во пониските англиски дивизии, како и во ФА купот. ег/паг/
Фото: Фејсбук