• недела, 22 декември 2024

Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства

Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствувал на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје и во своето обраќање потсетил на мисијата на оваа установа низ годините.

Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Велковски се осврнал на процесот на деинституционализацијата.

-Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот, рекол заменик-министерот. 

Посочил дека покрај мали групни домови, за да им се обезбеди на децата поддршка од семејно опкружување потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства.

-Сакам да апелирам до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет, истакнал Велковски. хс/са/ 

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан