• среда, 18 декември 2024

Велика Британија и САД ќе работат на ставање крај на нивната зависност од руските енергенси

Велика Британија и САД ќе работат на ставање крај на нивната зависност од руските енергенси
Лондон, 1 април 2022 (МИА) – Велика Британија и САД се договорија да работат на ставање крај на нивната зависност од руските енергенси, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас по разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. - Се согласивме дека притисокот врз Русија мора да продолжи и оти ќе работиме на елиминирање на зависноста од руската енергија, напиша Трас Твитер. јт/  

Остани поврзан