• понеделник, 23 декември 2024

Велешкото здружение за лица со церебрална парализа се вклучува во проектот „Тимор“

Велешкото здружение за лица со церебрална парализа се вклучува во проектот „Тимор“

Велес  5 април 2021 (МИА) - Во просториите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес денеска беше потпишан меморандум за соработка за проектот „Тимор - Заедно за повеќе можности и поддршка“, за отпочнување процес на деинституционализација и формирање на заедници за домување со поддршка на територија на Општина Велес. 

Како што информира Далиборка Златева од ова велешко здружение, преку проектот ќе им се помогне на лицата со попреченост да излезат од институциите и да живеат самостојно во заедницата.
- Воедно ќе можат да изберат и со кого и каде ќе живеат, да одлучат како сакаат да го поминат своето слободно време, да имаат исти искуства како сите други луѓе и да добијат поддршка кога им е потребна помош за вршење на сложени работи на различни и комплицирани начини, појасни Златева.
 

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес ќе биде сервис провајдер за оваа активност со цел да се создадат услови за еднакви можности за лицата со попреченост. ад/бак/

 

Остани поврзан