• петок, 17 април 2026

Велешани по традиција го прославуваат празникот Источен Петок Балаклија

Велешани по традиција го прославуваат празникот Источен Петок Балаклија

Велес 17 април 2026 (МИА) - Источен петок Балаклија е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Вмч.Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола".

Празникот по традиција започнува секој прв четврток по Велигден и продолжува во петок со богослужи и масовна посетаа од велешани на манастирот и палење на свеќи за здравје и носење црвени јајца на иконите. Инаку синоќа како и секоја година велешани пеш одеа на потег од Стар Мост до манастирскиот комплекс.

Во манастирот „Св. вмч. Димитрија“, во предвечерјето на празнико Митрополитот Повардарски Агатангел синоќа отслужи Вечерна Богослужба, а  утрово служи и  Света Божествена Литургија.

Манастирот „Св. Вмч.Димитрија“ за време на турското владеење на овие простори бил затрупан со земја цели пет века, за да биде повторно откопан во 1855 година,откако на воденичарот Петре Здравев на сон му се јавил светецот.

Со финансиска помош на градските големци манастирот бил откопан, а бил зографисан од познатиот зограф Хаџи Косте Крстев. Гробот на Петре Здравев се наоѓа на влезот во манастирската црква, каде исто така велешани палат свеќи за здравје.

Манастирот во кој конзерваторите во изминатите години под сегашните открија стари фрески меѓу кои и ликот на ктиторот е под заштита на законот.ад/

Фото: МИА

 

Остани поврзан