• среда, 17 јули 2024

Велес и Башино Село ќе добијат нови зелени паркови

Велес и Башино Село ќе добијат нови зелени паркови

Велес, 26 октомври 2022 (МИА) - Согласно програмата за подигнување нови зелени површини во тек е изградба на нов парк во близина на поранешниот хотел „Вила Зора“ во Велес, информираат од локалната самоуправа.

Потенцираат дека за  граѓаните од левата страна на градот овој нов парк ќе прерасне во вистинско место за одмор и релаксација.

Покрај оваа локација, нови зелени површини се предвидени за на кривината кон Автобуската станица, исто така од левата страна од градот, а третиот парк ќе биде  позади веќе изградениот Памп трак во Градскиот парк.

Дополнително ќе се уреди и мала зелена површина во централното подрачје на Башино Село, кое се наоѓа во непосредна близина на Велес.

-Со изградбата на нови зелени парковски содржини ќе придонесеме за подобар живот на сите жители во Велес и околните населени места во општината, потенцираат од општината.ад/

 

Остани поврзан