• среда, 28 јануари 2026

Вевчани меѓу првите отворени општини

Вевчани меѓу првите отворени општини
Вевчани, 17 мај 2021 (МИА) – Општина Вевчани почна со транспарентно објавување на податоците на својата веб-страница. Отворањето и користењето отворени податоци, според градоначалникот Сашо Јанкоски, ќе придонесе кон зголемување на транспарантноста и отчетноста на државните институции. - Општина Вевчани е една од првите општини, што го започнаа процесот на отворање податочни сетови. Нивното објавување и користење ќе го подобри квалитетот на услугите на локалните самоуправи, истакна Јанкоски. Отворањето на податоците, како што наведе, е направено во соработка со фондацијата Метаморфозис, како дел од проектот на УСАИД за граѓанско учество. сс/ар/

Остани поврзан