• петок, 22 ноември 2024

Веб-страницата на МОН сè уште недостапна

Веб-страницата на МОН сè уште недостапна
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Веб-страницата на Министерството за образование и наука сѐ уште не е во функција откако на 9 септември беше хакирана. Во изминатите 12 дена таа е целосно исклучена и до неа нема пристап. Од МОН велат дека се работи на нејзиното повторно активирање, но не прецизираат кога се очекува. Беше соопштено дека страницата (www.mon.gov.mk) била нападната од грчки хакерски тим „Netwatchers“. МОН тогаш информираше дека е во комуникација со Националниот ЦИРТ-центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, каде што е пријавен случајот и од каде очекуваат, со поддршка на МВР, да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. -Во меѓувреме, ИТ-службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб-страницата, по што повторно ќе биде активирана, соопшти МОН на 10 септември. Министерството тогаш укажа и дека нема потреба од грижи за наводно преземање бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб-èстраницата, како што беше соопштено – „не постојат такви позадински бази и таа има информативен карактер“ Во меѓувреме, информации за активности на Министерството може да се следат на неговата фејсбук-страница. хс/дма/    

Остани поврзан