• петок, 22 ноември 2024

Вашингтон пост: Хамас давал информации за Исламски џихад за да го измами Израел

Вашингтон пост: Хамас давал информации за Исламски џихад за да го измами Израел

Ерусалим, 7 декември 2023 (МИА) - Хамас во рамки на долгорочните планови да го измамат Израел за неговите функционери да мислат дека терористичката организација не сака конфликт, обезбедува разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот Исламски џихад, пишува Вашингтон пост.

Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги дава информациите за помала екстремистичка организација во Појасот Газа „за да го зајакне впечатокот дека е заинтересиран за соработка“.

Таа, наводно, соработувала за време на конфликтот меѓу палестинскиот исламски џихад и израелската армија во мај.

Хамас, кој владее со Појасот Газа, не се мешаше во конфликтот, а резултатот беше зголемена економска поддршка, наведуваат израелските медиуми.

Мири Ајсин, поранешен висок воен разузнавач, изјави за американскиот весник дека демонстрациите на граничната ограда меѓу Газа и Израел биле користени од терористичката организација за да ја навикне израелската армија на масата луѓе на границата.

Таа додаде дека Израел е повеќе загрижен за либанскиот Хезболах, кој во 2018 година најави дека планира да ја освои областа Галилеја. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан