• вторник, 24 декември 2024

Ватикан ја поздрави ослободителната пресуда на кардиналот Пел

Ватикан ја поздрави ослободителната пресуда на кардиналот Пел
Рим, 7 април 2020 (МИА) - Ватикан денеска ја поздрави ослободителната пресуда на кардиналот Џорџ Пел од страна на највисокиот суд во Австралија во врска со овинувањата за сексуално злоставување. Во својата прва официјална реакција, Ватикан соопшти дека секогаш имал доверба во австралиските правосудни органи и ја потврди посветеноста на Светата столица во спречување и кривично гонење на сите случаи поврзани со злоставување на малолетници. Судот ја укина пресудата дека Пел сексуално злоставувал две момчиња во текот на 90-те години, а исто така, му ја укина и затворската казна на 78-годишниот поранешен министер за економија на Ватикан. гт/

Остани поврзан