• петок, 22 ноември 2024

Ватикан против евтаназија и помош за самоубиство

Ватикан против евтаназија и помош за самоубиство
Ватикан, 22 септември 2020 (МИА) - Ватикан денеска објави документ за доктрината за крајот на животот и го повтори своето апсолутно спротивставување на евтаназијата и помогнатото самоубиство, но и непропорционално и неефикасно лекување што може да биде извор на страдање. Документот упатен до верниците, свештениците, старатели и семејства, писмото „Samaritanus Bonus“ (Добар Самарјанин) ги одразува добро познатите ставови на Светата Столица за поддршка на луѓето на крајот од животот. Евтаназијата е опишана како „злосторство против човечкиот живот“, асистираното самоубиство е наречено „тежок грев“, а оние што прибегнале кон нив не можат да ги примаат сакраментите. Светата столица соопшти дека сака да ја „разјасни“ својата етика за крајот на животот во меѓународен законодавен контекст, кој „е се попопустлив кон евтаназијата и помагање при самоубиство“. Во јули 2019 година, Ватикан остро се спротивстави на прекинувањето на третманот на 40-годишниот Винсент Ламберт, кој беше во вегетативна состојба десет години. Ватикан предупреди дека прекинувањето на хранењето и давањето течности е „сериозно нарушување на достоинството на една личност“. паг/      

Остани поврзан