• сабота, 23 ноември 2024

Вархеји: Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на ЕК за почеток на преговори со БиХ

Вархеји: Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на ЕК за почеток на преговори со БиХ

Брисел, 13 март 2024 (МИА) - Во Советот на ЕУ има позитивен став кон предлогот на Европската комисија за отворање на преговорите за проширување со Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарот за соседски прашања и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

-Ние предложивме да започнат преговорите со Босна и Херцеговина, според нас условите за тоа се исполнети, рече тој.

Вархеји изрази надеж дека земјите од ЕУ ќе го поддржат предлогот следната недела, а потоа ЕК ќе започне со изготвување на преговарачката рамка. Еврокомесарот не даде временска рамка до која може да се одобри рамката за да започнат суштински преговори.

Вархеји истакна дека властите во Босна и Херцеговина се очекува да усвојат дополнителни законски измени, меѓу кои тој го истакна и изборното законодавство. Тој додаде дека ЕК е подготвена да ја даде потребната помош за изработка на предлог-законот.

На прашањето дали го дели мислењето на американските безбедносни служби дека на Балканот може повторно да има насилство, еврокомесарот рече дека ЕК не е разузнавачка служба.

-Во Босна и Херцеговина гледаме дека властите успеаја да направат коалиција на сите нивоа, вклучени се и претставниците на Република Српска. Повеќето изјави на претседателот на Република Српска не ни се допаѓаат, тие се причина за загриженост, но претставниците на Република Српска учествуваат во управувањето со земјата. Гледаме дека јавната поддршка за ЕУ ​​расте во земјата, вклучително и во Република Српска, заклучи Вархеји. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан