• понеделник, 25 ноември 2024

Вардар подобар од Пробаскет во првото полуфинале од завршниот женски кошаркарски турнир во М-18

Вардар подобар од Пробаскет во првото полуфинале од завршниот женски кошаркарски турнир во М-18

Делчево, 1 јуни 2024 (МИА) - Во Делчево започна финалниот турнир за кошаркарки во М-18 конкуренција. Домаќин на турнирот е екипата на КК „Патриот 2016“ од Делчево, а учествуваат уште и екипите на ЖКК „Вардар“ Скопје, ЖКК „Пробаскет“ Кавадарци и ЖКК „Бадел 1862“ исто така од Скопје.

Во првото полуфинале ЖКК „Вардар“ со резултат 104:51 го совладаа женскиот тим на ЖКК „Пробаскет“, додека во второто полуфинале од 19:00 часот, домашната екипа „Патриот 2016“ игра со екипата на „Бадел 1862“. 

-Како домаќини се потрудивме да го организираме овој настан, обезбедивме услови и средства да се одржи во Делчево. Кога велиме фајнал-фор тоа значи дека ги имаме најдобрите четири екипи и ќе биде неизвесно во сите натпревари. Ние сме подготвени да дадеме се од себе и вечер, но и доколку играме во малото финале нема да биде неуспех, бидејќи како што кажав овде се најдобрите четири екипи, рече Љупчо Петровски, тренер на екипата домаќин.

Натпреварите се играат во спортската сала „Методи Митевски - Брицо“ во Делчево. вс/вј/

 

Фото: МИА

Остани поврзан