• понеделник, 29 април 2024

Варвициотис со благодарност до Маричиќ за изразеното сочувство за железничката несреќа

Варвициотис со благодарност до Маричиќ за изразеното сочувство за железничката несреќа

Атина, 1 март 2023 (МИА) - Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис преку Твитер му се заблагодари на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ за пораката со сочувство за трагичната железничка несреќа.  

Варвициотис на Маричиќ му се заблагодари преку официјалниот Твитер профил.

За трагичната несреќа со најмалку 38 загинати, како што претходно објави МИА, телефонски разговарале и министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, а Османи на Дендиас му изразил сочувство. ср/сп/

Остани поврзан