• петок, 22 ноември 2024

„Варајати“ за Манчевски: Перфектно одиграна ролјата на ѕвезда на уметничкиот филм

„Варајати“ за Манчевски: Перфектно одиграна ролјата на ѕвезда на уметничкиот филм
Токио, 29 октомври 2022 (МИА) - Милчо Манчевски перфектно ја одигра ролјата на ѕвезда на уметничкиот филм на ТИФФ во четвртокот, кога одржа мастерклас што беше елоквентен, хумористичен, пркосен и по малку заканувачки“, пишува стручното списание „Варајати“. По светската премиера на „Кајмак“ новиот филм на Милчо Манчевски и три распродадени проекции на Токискоит фестивал, режисерот е во центарот на збиднувањата во Токио. Одржа и мастерклас, кој имаше голем одглас кај публиката, а списанието „Варајати“ објави текст посветен на предавањето.

-Зборувајќи за креативните предизвици, авторската слобода и одлуките да снима вон холувудскиот систем и за тоа дека повеќе му лежи европската врска која публиката ја има со уметникот, на прашањето дали треба да се биде верен на жанрот, Манчевски меѓу другото вели: „Сакам нови предизвици. Мислам, особено за уметниците, тоа те држи буден и жив. А како уметник, суштествено е да си играш како дете. Но, потоа да си многу дисциплиниран во изведбата“.  Тој кажува и за тоа колку му е важен долгиот процес на кастинг на глумци и долгите проби пред снимањето и заклучува: „Енергијата и изгледот на актерот се донекаде важни, но не толку многу“, пишува во списанието. 

Во меѓувреме, излезе и интервју со Манчевски за „Холивуд репортер“ во кое режисерот зборува за тешкотиите да се остане верен на уметностаза „Кајмак“ како собирање крем на животот, за мајчинство, за антолошкото хип-хоп видео.

 -Со маестралниот „Кајмак“, Манчевски, постепено со секој следен кадар и дијалог, ги освои суптилните Јапонци, тие ги почувствуваа животните дилеми на ликовите и предизвиците на обичниот човек, кои се секаде исти на планетава. Уште едно силно дело на Милчо и неговата извонредна екипа, кое значително ја збогатува светската кинематографија. истакна амбасадорот на Северна Македонија во Јапонија, Горан Цеков, кој беше присутен на премиерата на Кајмак во Токио и на мастеркласот.

Книгите на Манчевски станаа дел и од библиотеките Шочику и Националниот филмски архив на Јапонија.

Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите кино сали низ земјава. ки/бк/

Остани поврзан