Ван Дајк: Има многу работи што треба да ги подобриме
- Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се осврна на вчерашниот пораз од Кристал Палас во „Комјунити Шилд“ (2:2, 2:3 на пенали).
Ливерпул, 11 август 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се осврна на вчерашниот пораз од Кристал Палас во „Комјунити Шилд“ (2:2, 2:3 на пенали).
- Загубивме и ова не е добар почеток, но ќе мора да гледаме напред. Тоа е нашиот менталитет. Ќе биде многу интензивна сезона во сите натпреварувања и мора да бидеме подготвени да го покажеме нашето ниво. Имаше добри моменти, но има и многу работи што треба да ги подобриме и мора да работиме на нив и тоа е нашиот план во моментов. Сакавме да го добиеме овој натпревар, го сакавме трофејот и сме разочарани. Имаме многу добри играчи. Ја освоивме Премиер лигата минатата сезона, не само поради квалитетот, туку и поради напорната работа и решителноста, изјави 34-годишниот Ван Дајк за „ESPN“.
Во првото коло од Премиер лигата 2025/26, Ливерпул ќе биде домаќин на Борнмут. Натпреварот ќе се одржи на 15 август. зс/
Фото: ЕПА