Валверде: Очекуваме Нико да остане со нас и следната сезона
- Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, за прв пат ги коментираше информациите за интересот на Барселона за играчот од средниот ред Нико Вилијамс.
Билбао, 25 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, за прв пат ги коментираше информациите за интересот на Барселона за играчот од средниот ред Нико Вилијамс.
Валверде се обиде јасно да стави до знаење дека челниците на Атлетик Клуб очекуваат Вилијамс да остане во тимот и по сезоната 2024/25.
-Дали ќе продолжи со нас? Мислам дека да. Очекуваме да остане. Знаете како е - кога ќе заврши сезоната, почнуваат да се шират гласини. Но, ние сме многу задоволни од него, а мислам дека и тој е задоволен од нас. Се надевам дека следната сезона ќе биде одлична за него, го цитира „Sport.es“ Валверде.
Дваесет и двегодишниот Нико Вилијамс одигра 44 натпревари за Атлетик во сезоната 2024/25, постигнувајќи 11 гола и седум асистенции. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2027 година.
Според „Трансфермаркт“, трансферната вредност на играчот е 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА