• среда, 18 декември 2024

Вакционалниот пункт во Битола подготвен за масовна имунизација

Вакционалниот пункт во Битола подготвен за масовна имунизација
Битола, 1 мај 2021 (МИА) - Регионалниот вакцинален пункт во Битола е подготвен за претстојната масовна имунизација на населението. Со одлука на Министерството за здравство, а по препорака на Општинскиот кризен штаб, масовната имунизација во Битола ќе се врши во спортската сала на општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“. Денеска заврши обележувањето на патеките за движење, поставени се јасни патокази за влез и излез од спортската сала, места за времен паркинг на возилата, клупи за одмор и други средства за непречено доаѓање и заминување од регионалниот вакцинален пункт во Битола. Според последните информации од Министерството за здравство во Регионалниот ковид-центар во Битола на болничко лекување се 92 лица. мт/оџ/

Остани поврзан