• петок, 05 декември 2025

Бујар Османи формира јавно претпријатие за хигиена „Чист Чаир“ со 120 работници и целосна механизација

Бујар Османи формира јавно претпријатие за хигиена „Чист Чаир“ со 120 работници и целосна механизација

Скопје, 2 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави формирање на општинско јавно претпријатие за хигиена во првите шест дена по преземање на мандатот како клучен елемент во стратегијата за справување со алармантната состојба со нечистотијата во која се наоѓа општината, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

„Ќе го поделиме Чаир на реони, секоја екипа ќе биде одговорна за една населба. Ќе се набават цистерни за миење и дезинфекција на улици, целосна механизација како електрични и механички метли“, истакна Османи.

Според него, прашањето на хигиената не е прашање на собирање на поени во предизборната кампања, туку е основно прашање за достоинствен живот на луѓето.

„Создавањето на општинско јавно претпријатие за хигиена во Чаир ќе овозможи граѓаните, кога ќе излезат од домовите наутро, првото нешто што ќе го видат да бидат работниците на комуналната хигиена кои се грижат за чист Чаир“, рече Османи.

Тој додаде дека во новото претпријатие, „Чист Чаир“ ќе бидат вработени 120 лица на кои главна работа ќе им биде одржување на чистотата. Претпријатието, исто така, ќе ја преземе и грижата за хигиената и за зачувување на верските и историските објекти во општината.

„Одговорноста за обезбедување на чист Чаир ја чувствувам повеќе како лекар и родител, отколку како кандидат за градоначалник, и тоа е многу важно. И ова ви го ветувам: дека за неколку месеци Чаир ќе го направиме најчистата општина во градот Скопје“, заврши Османи.

 

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?  

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир, реагираше на обидите на премиерот Христијан Мицкоски да ги негира критиките дека е албанофоб. Тој подвлече дека неговата претходна изјава не била личен напад, туку заснована на факти.

„Она што го кажав вчера не беше личен напад, туку наведов факти зошто мислам дека е така. Реков, во неговиот тим нема ниту еден Албанец, во неговите патувања нема ниту еден Албанец, ги исклучува од институциите, ги попречува со албанскиот јазик, им го одзема јазикот. Како поинаку да го наречам тоа? Нека ме демантира дека тоа што го кажав не е точно, па јас ќе го преиспитам мојот став. Јас не дадов никаква лична етикета. Јас само ги наведов аргументите зошто мислам дека тој мрази се што е албанско.“

Османи се осврна и на изјавата на Мицкоски дека не е албанофоб, туку „криминофоб“:

„А што се однесува до оваа ‘криминофобија’, можеби е дури и малку иронично. Новинарот постави многу добро прашање. Што мисли за 150-те фалсификувани, нелегални објекти во Чаир, кои немаат платено данок, или средствата завршиле во нечии џебови? Што мислам за изјавата на Антонио Милошоски дека за плоштадот биле земени толку и толку проценти од таа компанија, а во овој град се навлегува во детали? Што мислам јас за тоа?“

Во својата изјава, Османи го обвини премиерот дека сака слаби албански политичари кои ќе може да ги контролира:

„Јас мислам дека тој ги сака нашите политичари кои се слаби, кои се ранливи поради тоа што го поминале, и може да ги контролира. И затоа оваа кампања се претвори во референдум за враќање на достоинството на нашата позиција овде. Ако дозволиме тие да го изберат ‘посакуваниот’ албански претставник, вие знаете каква линија ќе изберат. Ќе изберат кој е помалку отпорен, кој е помалку силен, кој е послаб, кој е поранлив поради минатото.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан