• петок, 22 ноември 2024

Бучковски, Мукаетов и Кипровски го посетија Бигорскиот манастир 

Бучковски, Мукаетов и Кипровски го посетија Бигорскиот манастир 
Дебар, 2 мај 2022 (МИА) - Во посета на познатиот Бигорски манастир беше поранешниот премиер Владо Бучковски, придружуван од  македонскиот писател и автор на литература за деца Васил Мукаетов и доајенот на македонското новинарство Киро Кипровски, информираше отец Кирил од свештената бигорска Обител.
-Ценетите гости беа срдечно примени од страна на нашот старец и игумен, епископ Антаниски г. Партениј во неговата работна просторија. Цел на пријателската посета на нашите гости, меѓу другото, беше да му ги честитаат велигденските празнувања на нашиот старец и на братството, додава отецот Кирил.
Писателот Мукаетов, во оваа прилика, му подарил збирка песни посветени на илјадагодишниот јубилеј на Бигорски.
- Според авторот, песните биле вдахновени од долгата и славна историја на нашето Светилиште и од чествувањата поврзани со јубилејот. Нивната намена е децата низ стиховите да научат нешто повеќе за нашата свештена историја и барем малку да се оттргнат од бесполезното седење пред компјутерските и телевизиски екрани, нагласува отец Кирил.
Во ова наше древно светилиште пред, за и по велигденските празници престојуваат голем број верници и гости, а вечерта на Христовото воскресение имаше околу три илјади од сите делови на државава. вт/мд/

Остани поврзан