• понеделник, 23 декември 2024

Бутиџиџ го победи Сандерс, Бајден на четврто место за претседателски кандидат на ДП во Ајова

Бутиџиџ го победи Сандерс, Бајден на четврто место за претседателски кандидат на ДП во Ајова
Вашингтон, 7 февруари 2020 (МИА) - Поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, Пит Бутиџиџ доби најмногу гласови за номинација за претседателски кандидат на Демократската партија во сојузната држава Ајова, соопшти Демократската партија. На првото гласање за демократски кандидат кој во ноември на претседателските избори во САД ќе му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, Бутиџиџ тесно го победи сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Бутиџиџ доби 26,2 отсто од гласовите, а Сандерс 26,1 отсто. Сенаторката Елизабет Варен освои 18 отсто од гласовите, додека поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден има 15,8 отсто од гласовите на делегатите. На петто место е сенаторката Ејми Клобушар која доби 12,3 отсто од гласовите. Гласањето беше одржано на 1.600 локации во Ајова. Бројот на делегати од Ајова кои ќе гласаат на финалната конвенција на Демократската партија за претседателски кандидат е 41. паг/ 

Остани поврзан