Бутел Скопје во „Јане Сандански“ ќе го игра реваншот со Дуделанж
- Ракометарите на Бутел Скопје викендот ќе го пречекаат Дуделанж во реваншот од 2. коло на Европскиот Куп.
Скопје, 11 септември 2025 (МИА) – Ракометарите на Бутел Скопје викендот ќе го пречекаат Дуделанж во реваншот од 2. коло на Европскиот Куп.
- Натпреварот ќе се одигра в сабота (13 септември) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен. Поддршката за нашите момци, кои славеа со 31-27 на првата средба, ќе биде повеќе од добредојдена во битката за нов триумф, пласман во второто коло и нови европски бодови за македонскиот ракомет, соопшти РК Бутел.
Македонскиот претставник на првиот натпревар одигран во Луксембург победи со 31:27. зс/
Фото: РК Бутел Скопје