• недела, 22 декември 2024

Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико

Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико
Сан Хуан, 18 септември 2022 (МИА) - Бурата Фиона денеска прерасна во ураган додека се приближува до брегот на Порторико, соопшти американскиот Центар за урагани.
Фиона најпрво помина над Гвадалупе каде што предизвика големи поплави во кои загина едно лице.
Сега, како ураган со ветрови до 130 километри на час, се приближува кон Порторико, каде што ќе предизвика обилни врнежи од дожд и лизгање на кал. Моментално се наоѓа на околу 80 километри од јужниот брег на Порторико.
Како што се загрева површината на океанот, има се повеќе урагани, со посилен ветер и повеќе врнежи. Тие урагани претставуваат зголемена опасност за населението на крајбрежјето. паг/

Остани поврзан