• вторник, 24 декември 2024

Бунтовниците во Мали нападнале и оштетиле авион на Светската програма за храна на ОН

Бунтовниците во Мали нападнале и оштетиле авион на Светската програма за храна на ОН

Бамако, 19 септември 2024 (МИА) - Авионот што го користеше Светската програма за храна на Обединетите нации (UN World Food Program - WFP) за хуманитарна работа е оштетен од исламистички напад во Бамако, главниот град на Мали, објави јужноафриканската авиокомпанија во чија сопственост е авионот.

Компанијата „Нешнел ервејс корпорејшн“ - НАЦ (National Airways Corporation - NAC) соопшти дека авионот „се нашол на удар на терористички напад“ во вторникот додека бил на земја, кога исламистите нападнале воена база и аеродром во Бамако. Малиските војници ги победија напаѓачите по судирот во кој загинаа неколку војници, соопштија властите.

Наведено е дека никој од Светската програма за храна не е повреден и дека екипажот и персоналот на авионот не биле на местото на нападот.

Одговорноста за нападот ја презеде групата ЈНИМ која е поврзана со Ал Каеда.

Најмалку 15 напаѓачи се фатени, изјави претставник на безбедносните сили.

НАЦ соопшти дека е „трагично“ што нивниот авион бил „оштетен во африканска земја за време на хуманитарна работа за граѓаните на Мали, под покровителство, одобрение, ознака и знаме на Светската програма за храна“.

Мали, заедно со неговите соседи Буркина Фасо и Нигер, повеќе од една деценија се бори со вооружени групи, вклучително и некои сојузници на Ал Каеда и Исламската држава. паг/

Фото: МИА архива

 

 



Остани поврзан