• петок, 22 ноември 2024

Бугарскиот премиер Донев ќе одржи состанок на владиниот Совет за безбедност

Бугарскиот премиер Донев ќе одржи состанок на владиниот Совет за безбедност
Софија, 29 септември 2022 (МИА) – Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев денеска ќе одржи состанок на владиниот совет за безбедност, јави дописникот на МИА од Софија. Повод за средбата е зголемената ескалација на воениот конфликт меѓу Русија и Украина по најавената делумна воена мобилизација од страна на рускиот претседател Владимир Путин, како и референдумот одржан во неколку украински региони. Донев најави дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но во овој момент нема директна воена закана. Советот за безбедност има за цел да ја анализира состојбата на системот за заштита на националната безбедност, да подготви процени и да ги предложи потребните решенија. Со него претседава премиерот на земјата и вклучува претставници на безбедносните служби. Минатата недела претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа консултативен состанок на тема Украина, на кој учествуваше премиерот Донев и на кој се разговараше за ризиците со кои се соочува земјата и системите кои би можеле да бидат погодени од ескалација на руската инвазија врз Украина. нк/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан