Бугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевскиот Тимотеј
- - Ваше Блаженство, со болка и тага ја примивме тажната вест за упокојувањето во Господа на мошне вреден за нашите срца и возљубен брат митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ќе го паметиме како извонреден епископ и добар пријател на светата Бугарската православна црква, кој годинава ја почести со своето присуство како на опелото на нашиот блажен претходник бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит, како и за мојот избор и устоличувањето на крајот на јуни. Ќе го паметиме по неговата благочестивост и посветеност на делото и мисијата на светата Христова Црква, на која тој го посвети целиот свој живот. Во овие тешки мигови за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за привремената разделба со нашиот укопоен брат, се наведува во телеграмата за сочувство на патријархот Даниил.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.