• недела, 22 декември 2024

Бугарскиот парламент не ја прифати одлуката за набавка на руската вакцина

Бугарскиот парламент не ја прифати одлуката за набавка на руската вакцина

Софија, 7 мај 2021 (МИА) - Членовите на 45-тиот Парламент на Бугарија, за време на нивната последна седница, ја отфрлија предлог-одлуката за снабдување на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, предлогот беше поднесен од пратениците на БСП, кои инсистираа на тоа во минатиот бугарски парламент, но и тогаш не беше поддржан.

Според Бугарската социјалистичка партија, со руската вакцина ќе се спречи нарушување на утврдениот национален план за вакцинација, бидејќи, според нив, имало одложувања и нередовно доставување на веќе одобрените вакцини од ЕУ. БСП го посочи примерот на Унгарија, која купи руска, па дури и кинеска вакцина, користејќи го своето право самостојно да преговара за купување надвор од општите договори склучени од Европската унија. Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова ги повика другите пратеници на оваа тема да не бидат ниту русофили, ниту русофоби, туку да бидат бугарофили. Според неа, оваа одлука била во интерес на здравјето на бугарскиот народ. Номинираниот за премиер во име на ГЕРБ и поранешен министер за надворешни работи Даниел Митов потсети дека Европската агенција за лекови сè уште не ја потврдила безбедноста на руската вакцина. ГЕРБ остро се спротивстави на нацрт-одлуката. нк/  

Остани поврзан