• петок, 22 ноември 2024

Брус Спрингстин со нов албум (видео)

Брус Спрингстин со нов албум (видео)
Лос Анџелес, 14 септември 2020 (МИА) - Американската поп-рок легенда Брус Спрингстин за оваа есен најави нов албум, под наслов „Letter to you". Официјалниот датум е 23 октомври. По тој повод е објавен и видеоспот за насловната песна. https://youtu.be/AQyLEz0qy-g Албумот „Letter to you" (Писмо до тебе) ќе биде објавен непосредно пред овогодишните претседателски избори во САД, каде што постојниот претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, и кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден - инаку поранешен потпретседател на САД, ќе ги одмерат своите сили. Спрингстин, инаку, никогаш не ги криел своите политички погледи и ставови и наклонетоста кон Демократската партија. Сѐ ова потсеќа на една од најпознатите погрешно сфатени песни - „Born in the USA“, која ако се слушне само рефренот, делува како величање на американскиот национал-патриотизам. Поради тоа, пред неколку десетлетија беше прифатена како своевидна химна на републиканците. Но, тука всушност, Брус Спрингстин јасно ги критикува САД и воената интервенција во Виетнам. Според западните медиуми, можно е Спрингстин повторно да има своја порака во овие бурни времиња за неговата земја. си/сд/

Остани поврзан