• петок, 12 јули 2024

Брус Вилис ја завршува кариерата поради психичко заболување

Брус Вилис ја завршува кариерата поради психичко заболување
Лос Анџелес, 31 март 2022 (МИА) - Американскиот глумец Брус Вилис е принуден да ја заврши кариерата, бидејќи му била дијагностицирана афазија - губење на говорната способност и на разбирање на говорот. Тој има 67 години. „Поради тоа, Брус става крај на кариерата којашто толку многу му значеше“, се вели во изјавата потпишана од сопругата на Вилис - Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и петте негови деца. Меѓу филмовите во кои оствари најзабележителни улоги се „Умри машки“, „Евтини приказни“, „Шесто сетило“, „12 мајмуни“, „Џакалот“, „Петтиот елемент“, „Армагедон“ и многу други.  си/ми/

Остани поврзан