• петок, 05 декември 2025

Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел

Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - Две бронзени бисти биле одземени од Градските гробишта - Бутел. Случајот бил пријавен во полиција во текот на вчерашниот ден, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 10 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 53-годишниот скопјанец А.Ј. пријавил дека во периодот од 7 јуни до 6 септември, од гробно место на Градските гробишта - Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет, одземени биле две бронзени бисти, појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан