• недела, 22 декември 2024

Бритни Спирс се сврши по третпат

Бритни Спирс се сврши по третпат
Лос Анџелес, 13 септември 2021 (МИА) - Американската поп-пејачка Бритни Спирс се сврши со своето момче Сем Асгари (27) и објави видео на својот интернет-простор на коешто се пофали со дијамантскиот прстен.

Видеото за еден ден го погледнале над 1,6 милиони корисници на Инстаграм. Честитки им испрати и американската старлета Парис Хилтон. Бритни Спирс во 2016 година го запозна 12 години помладиот Асгари, на снимањето на видеоспотот за песната „Slumber Party“. Пејачката, инаку, има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн. Таа претходно беше кратко омажена и за нејзиниот пријател од детството - Џејсон Александар, но тој брак траеше само 55 часа. Бритни Спирс се прослави со хитовите „Toxic“, „Womanizer“, „Baby One More Time“, „Scream and Shout“, „I Wanna Go“ и „Till the World Ends“. си/ссм/

Остани поврзан