• четврток, 14 ноември 2024

Британскиот крал Чарлс Tрети се упати кон Вестминстерската опатија каде ќе биде крунисан

Британскиот крал Чарлс Tрети се упати кон Вестминстерската опатија каде ќе биде крунисан

Лондон, 6 мај 2023 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Tрети со кочија ја напушти Бакингемската палата и се упати кон Вестминстерската опатија каде денеска ќе биде крунисан. Кралската поворка ги следи до Вестминстерската опатија. 

Воени чети маршираа низ улиците на центарот на Лондон, а стотици војници ги зазедоа своите позиции по патеката на поворката пред крунисувањето на кралот Чарлс Трети. 

Поради крунисувањето, многу улици се затворени.

Околу 5.000 припадници на вооружените сили пристигнаа во Лондон со специјално изнајмени возови од места како што се Фарнборо, Тринг и Алдершот. 

Тие маршираат преку мостот Вестминстер за подоцна да ги заземат своите позиции во поворката. 

Вооружените сили вклучуваат припадници на Армијата, морнарицата, РАФ и силите на Комонвелтот. 

Дополнителниот персонал е во подготвеност во случај да се појават проблеми. 

Светските лидери и шефови на држави почнаа да пристигнуваат во Вестминстерската опатија од околу 9.30 часот. 

Церемонијата на крунисувањето ќе биде проследена со музика избрана од кралот, со 12 новонарачани песни, вклучително и една од Ендрју Лојд Вебер. 

Кралот ќе биде крунисан во 12.01 часот. 

Кралот и кралицата потоа ќе се вратат во Бакингемската палата. 

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе ја поздрават публиката од балконот на Бакингемската палата нешто пред 14.30 часот. 

Тој ќе биде крунисан заедно со Камила, кралица сопруга, и ќе биде 40-тиот владејачки монарх крунисан таму од 1066 година. 

Сепак, Чарлс ќе остане запаметен како наследник со најдолг стаж во британската историја, откако помина седум децении како прв во редот за тронот, јави Скај њуз. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан