• петок, 22 ноември 2024

Британска параолимпијка освои бронза во седмиот месец од бременост

Британска параолимпијка освои бронза во седмиот месец од бременост


Париз, 2 септември 2024 (МИА) – Британката Џоди Гринхам (31) освои бронзен медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Париз, и тоа во седмиот месец од бременоста.
Настапувајќи во седмиот месец од бременоста, Џоди стана миленичка на британските обожаватели, а се најде и на светските насловни страници. Официјалниот канал на Параолимписките игри во Париз 2024 година, исто така, го поздрави нејзиниот успех.
Гринхам стана првата бремена спортистка која се искачи на параолимпискиот подиум, објавија организаторите.
„Многу сум горда на себе. Имав проблеми и не беше лесно. Но, сè додека јас бев здрава и бебето беше здраво, знаев дека можеме да се натпреваруваме. Сакав да покажам дека не сум тука само за да учествувам, туку и да се борам за медал, изјави Гринхам за британските медиуми.
Гринхам е родена со пократка лева рака, без прсти и само половина палец на левата рака. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан