• среда, 25 декември 2024

Британската кралица ќе им оддаде почест на заслужните во борбата против Ковид-19

Британската кралица ќе им оддаде почест на заслужните во борбата против Ковид-19
Лондон, 28 септември 2020 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора ќе укаже на големата и пожртвувана работа на стотици лекари, медицински сестри, донатори и волонтери за време на пандемијата на новиот коронавирус, откако следниот месец ќе биде објавена нејзината годишна роденденска листа на најпочитуваните. Објавувањето на листата, која првично требаше да биде објавена во јуни, е одложено за 10 октомври, со цел на неа да се додадат имињата на луѓето кои имаа клучна улога во првите месеци од борбата против Ковид-19. Велика Британија има најголем број починати од коронавирус во Европа и најтешки економски последици меѓу развиените земји. Почеста, односно доделување ненаследна благородничка титула, датира од периодот на владеењето на кралицата Викторија во 19. век и нејзина цел не е да им се оддаде почит само на познати личности, туку и на сите оние кои придонеле за животот во земјата со несебична и честопати малку позната работа. гт/

Остани поврзан