• понеделник, 23 декември 2024

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли
Лос Анџелес, 18 февруари 2022 (МИА) - Холивудскиот глумец Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, твдејќи дека тајно продавала акции од нивната заедничка винарија на руски бизнисмен, објави порталот „ТМЗ“ повикувајќи се на судски документи. Во јули 2021 година, беше објавено дека Џоли поднела тужба за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, актерката сакаше да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција. Во септември, Пит ѝ дозволил на својата поранешна партнерка да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот. Луѓето кои се запознаени со оваа работа велат дека еден месец подоцна, Пит бил шокиран кога дознал дека половина од винаријата била купена од подружница на „Групацијата Столи“ - компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер. Пит сега тврди дека Џоли не ја добила неговата согласност за договорот и намерно ги криела подробностите на зделката од него. Глумецот се жали и дека неговиот нов партнер донел хаос во раководството на винаријата, како што пишува порталот. Бред Пит бара судот да го поништи договорот. Тој има намера да бара и надомест за претрпената штета.  си/ссм/

Остани поврзан